Dejan Maksimoviç
17 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
БУКУРЕШТ (АА) - Даниел Продан, поранешен романски фудбалер, ненадејно почина од срцев удар на возраст од 44 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој некогашен голем одбранбен играч, во својата кариера има запишано 54 настапи за националниот тим на својата земја, а играше и на Светското првенство во САД, во 1994 година, и на Европското првенство во Англија во 1996 година.
Кариерата на Продан како професионален фудбалер траеше од 1991 до 2003 година, кога се збогува со дресот на букурешкиот фудбалски тим Национал.
Кога ја заврши кариерата на активен играч, на возраст од 31 година, извесно време беше спортски директор на Фудбалскиот сојуз на Романија. Подоцна, краток период беше тренер на младинската репрезентацијата на својата земја. Како играч со Стеауа освои пет титули Национален шампион.