Hüseyin Burak Demirer
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
АНКАРА (АА) - Клубот од германската прва фудбалска лига (Бундес Лига), Борусија Дортмунд, соопшти дека нивниот играч, Усман Дембеле, чие име се поврзува со шпанскиот клуб Барселона, е суспендиран од тимот на неодредено време, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Борусија Дортмунд објавено на интернет страницата на клубот, Дембеле, кој не учествува на тренинзите, е суспендиран до следната објава.
Спортскиот директор на клубот, Михаел Цорк, истакна дека 20-годишниот француски репрезентативец по своја желба може да тренира поединечно.
Се тврди дека Барселона, сака да го Дембеле во клубот, со што сака сака да го пополни празното место на Нејмар, кој се префрли во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра.
Дембеле во 2016 година дојде во Борусија Дортмунд за 15 милинои евра, а во 50 дуели постигна 10 погодоци.