Mutlu Demirtaştan
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – УЕФА соопшти дека Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2020/2021, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На првиот ден од дводневната седница на Управниот одбор на УЕФА одржана преку видеоконференција, донесена е одлука во врска со натпреварите во Лигата на шампиони на УЕФА и УЕФА Лига Европа кои беа одложени поради пандемијата на Ковид-19.
Говорејќи на прес-конференцијата, исто така одржана преку видеоконференција, по состанокот на Управниот одбор, директорот за натпреварување во УЕФА, Џорџо Маркети, објави дека финалето во Лигата на шампиони во сезоната 2020/2021 ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.
Маркети изјави дека финалните натпревари, чии локации се утврдени однапред, ќе се одржат една година подоцна.
Според тоа, по Истанбул, домаќин на финалето во Лигата на шампиони во 2022 година ќе биде Санкт Петербург, Русија, во 2023 година Минхен, Германија и во 2024 година Лондон, Велика Британија.