Yunus Kaymaz
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - УЕФА одлучи завршницата на Лигата на шампионите да биде одиграна во Лисабон, главниот град на Португалија, во формат на осминафинале, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На првиот ден од дводневната седница на Управниот одбор на УЕФА одржана преку-видео конференција донесена е одлука во врска со натпреварите во Лигата на шампиони на УЕФА и УЕФА Лига Европа и Европското првенство во фудбал во 2020 година (ЕУРО 2020).
На состанокот е донесена конечна одлука за датумот, форматот и локацијата на завршните натпревари на Лигата на шампионите 2019-2020 година. Според одлуката завршните натпревари ќе се играат во Лисабон, главниот град на Португалија, помеѓу 12-23 август.
На турнирот, кој ќе трае 12 дена и ќе се спроведе систем на елиминација во еден меч. Четвртфиналето ќе се одигра на 12-15 август, полуфинале на 18-19 август и финалниот натпревар на 23 август.
Во главниот град Лисабон има два стадиони кои ќе бидат домаќини на натпреварите. Натпреварите во Лигата на шампионите ќе се одиграат на стадионот „Луз“ на Бенфика чиј капацитет е 65.000 седишта и стадионот „Хозе Алваладе“ со капацитет од 50.000 места на фудбалскиот клуб Спортинг Лисабон.