Abdulkadir Karakaya
19 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
АНКАРА
УЕФА изрече парична казна од 3 милиони евра за францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј со образложение дека не ги исполнувал финансиските обрвски, a ќе бидат одземени и 15 отсто од европските приходи на овој клуб во наредните две сезони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УЕФА се нагласува дека Олимпик Марсеј го прекршувал договорот „Financial Fair Play (FFP)“ постигнат во јуни 2019 година.
Според соопштенеито, изречена е парична казна од 3 милиони евра за овој клуб, додека ќе бидат одземени и 15 отсто од европските приходи на овој клуб во наредните две сезони.
Исто така, се истканува дека составот на овој клуб во наредните три сезони во европските првенства ќе биде ограничен со 23 играчи.
Во ова соопштение се наведува дека францускиот клуб може да се обрати и до Арбитражниот суд за спорт против овие одлуки на УЕФА.