Doğa Kırmızıoğlu
20 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Од 11 јули забраната за присуство на публика на стадионите низ цела Франција ќе биде укината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на француската Влада, забраната за прием на гледачи на стадионите поради епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, постепено ќе биде укината од 11 јули.
Според тоа, во првата етапа на стадионите ќе може да влезат 5.000 навивачи, кои во живо ќе можат да го следат натпреварот.
Дали ќе се пуштаат и гледачи на натпреварите од Француската фудбалска лига (Лига 1) во сезоната 2021-2022, што ќе започне на 23 август, ќе биде решено на средината на јули, по претходно направените проценки.
Поради епидемијата на коронавирусот, сезоната 2019-2020 од Француската фудбалска лига (Лига 1) беше финализирана. Лидерот на табелата, Париз Сен Жермен, беше прогласен за шампион.