Buket Güven
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 160.240, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 40.496 тестирања за Ковид-19, од кои 1.192 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 23 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.412 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.945.240 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 187.685 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.950 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 803 лица, 327 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 160.240 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Покрај зголемениот број на откриени случаи во некои наши области, бројот на лицата кои се наоѓаат на интензивна нега е мал. Бројот на излекувани лица денес е поголем за 320 од бројот на нови случаи“, напиша Коџа.