Hikmet Faruk Başer
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Шест дена откако беше повторно отворена за молитва, Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) ја посетуваат голем број граѓани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните со денови доаѓаат во „Аја Софија“, извршуваат молитва и се восхитуваат на ова исклучително здание во кое на 24 јули, по 86 години, беше извршена првата петочна молитва (џума-намаз).
Домашните и странските туристи ја искористија можноста да направат фотографии од „Аја Софија“, која функционираше како црква 916 години, сè до освојувањето на Истанбул, додека статус на џамија имаше од 1453 до 1934 година, кога доби статус на музеј.
Турскиот суд на 10 јули ја поништи одлуката на некогашната влада на земјата, со која на 24 ноември 1934 година на „Аја Софија“ ѝ беше даден статус на музеј. Со поништување на споменатата одлука, на „Аја Софија“ ѝ се враќа статусот на џамијата.