Jeyhun Aliyev,Faruk Zorlu
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
АНКАРА
Турска хуманитарна организација ќе достави курбанско место во 22 земји и региони за време на муслиманскиот празник Курбан бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мехмет Џенгиз, претседателот на Здружението „Дениз Фенери“ (Lighthouse) за АА изјави дека додека хуманитарната организација дистрибуирала 10.000 парчиња курбанско место како дел од нејзината кампања за Курбан бајрам во 2019 година, таа има за цел да го зголеми бројот оваа година.
Приоритет ќе се даде на бегалските кампови, областите погодени од војна и природни катастрофи и луѓе коишто страдаат од хронична глад и сиромаштија. Постарите, сирачињата и вдовиците исто така ќе бидат приоритетни.

„Во овој случај приоритетни земји се Сирија, Палестина, Сомалија, Кенија, Јемен, Бангладеш и Аракан“, изјави Џенгиз.
Донаторите за хуманитарната организација ќе можат да изберат од листата на земји, каде ќе бидат заклани курбаните и каде ќе се достави нивното месо.
„Некои од животни ќе бидат жртвувани во Турција, додека другите во земјите погодени од конфликти, сиромаштија и глад“, изјави тој.
„Волонтерите на добротворната организација ќе заколат курбани и ќе ги дистрибуираат на сиромашните во неколку земји. Во оние земји каде што волонтерите не можат да стигнат, „Дениз Фенери“ соработува со локални организации.“
Тој истакна дека сите жртвени животни ќе бидат заклани во согласност со исламските старешини.

Ченгиз нагласи дека „Дениз Фенери“ ќе ги „прифати“ луѓето во различни региони со воспоставување мостови и ќе им даде светлина на надеж.
„Во меѓувреме, добротворната организација, исто така, за Курбан бајрам планира да додели нова облека и пари за 10.000 сирачиња во 20 земји, вклучувајќи ја и Турција“, додаде тој.
Со донација од 150 турски лири, сите филантропи ќе можат да им дадат подарок на сирачињата за празникот.
„Дениз Фенери“ ќе им помогне на сиромашните и сираците на три континенти од Африка до Балканот, од Југоисточна Азија до Блискиот Исток“, рече Ченгиз.
Фондацијата одреди по 1.400 турски лири (околу 200 долари) за секое животно кое ќе биде жртвувано во Турција и по 770 турски лири (околу 112 долари) за секое животно жртвувано во странство.