Tuba Şahin
30 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
АНКАРА
Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, денеска изјави дека Турција е подготвена да соработува со Италија преку заедничко инвестирање и производство, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција дава приоритет на производството со висока додадена вредност, извозот, инвестициите со средна технологија и дигиталната економија“, рече Рухсар Пекџан на видеоконференцијата со италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, пред Заедничкиот економски и трговски комитет (JETCO).
Меѓу темите за дискусија беа билатералните економски и трговски врски, транспортот и логистиката, градежните и консултантските услуги, заштитните мерки за увоз на челични производи на ЕУ и ажурирањето на Договорот за царинска унија.
Нагласувајќи дека Италија е четвртиот најголем пазар за извоз на Турција, Пекџан рече дека обемот на трговија меѓу двете земји паднал за 20,7 отсто на 7,5 милијарди американски долари во првата половина, поради пандемијата на коронавирусот.
„Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите иницијативи од приватниот сектор меѓу двете земји“, истакна Пекџан.
Ди Мајо го истакна и големиот потенцијал на турските и италијанските деловни луѓе за соработка во други земји.