Bekim Laci
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Македонија (СКM) преку прес-конференција ги претстави заклучоците на „Третиот самит за Западен Балкан: Коморскиот инвестициски форум-пример за одлична соработка во рамките на Западен Балкан", која е инструмент за привлекување на нови инвестиции во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Собранието на СКМ, Антони Пешев, учествуваше на Третиот самит на Балканот кој се одржа на четврти јули во Париз, рече дека помеѓу учесниците беа и претставници на Европската унија и Светската банка, министрите на економија на сите земји во регионот вклучувајќи ја и бизнис заедницата.
Пешев понатаму вели дека главните точки кои ги истакна за време на самитот во Париз биле случувањата во врска со интензивирањето на инфраструктурата меѓу земјите во регионот, инвестициите во енергетскиот сектор и напредување во нови технологии. Тој додаде дека самитот имаше специфичен карактер поради тоа што се одржа веднаш по Брегсит, каде што беше важно да се слушне гледна точка на двете поразвиените економии на Европа, а за Македонија беше важно да се за своите перспективи во овој сегмент.
Важно прашање што се дискутирало на самитот, вели Пешев беше иницијативата за да во текот на септември се одржи конференција во Скопје за подигнување на стандардите за електронска размена на информации помеѓу царинските системи во други земји.
„Искуството на Македонија, која го има воведено системот повеќе од осум години, значи интензивирање на транспортот на роба низ земјите во регионот кои се сеуште поделени со граници. Оценивме дека ќе биде потребно комуникацијата помеѓу царинските управи да се подигне на повисоко ниво, со цел воведување на електронските системи за евиденцијата, размената на податоците да биде автоматизирана и да што е можно повеќе се забрза протокот на роба и патници на сите гранични премини што е услов за зголемување на трговската размена", рече тој.
Софче Јовановска, советник во СКМ, изјави дека инвестицискиот форум на коморите на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора е високо оценет на самитот, како идеја која е достојна за почит.
„Коморско инвестициски форум беше препознаен на самитот бидејќи сите на самитот во своите обраќања истакнаа дека токму овој вид на соработка во регионот треба да послужи како пример за другите, кои треба да соработуваат за да ги надминат своите проблеми", рече таа.
Четвртиот самит во јули во Париз, се одржа во рамките на Берлинскиот процес кој ги вклучува балканските земји како што се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.