Турција

Турска модна дизајнерка го замени стресот на градскиот живот со тишината на природата

- „Тука се чувствувам како повторно родена. Секое утро, без никаков притисок, да бидеш во допир со земјата и шумата е навистина прекрасно чувство.“

Özgün Tiran  | 19.03.2026 - Обновена : 19.03.2026
Турска модна дизајнерка го замени стресот на градскиот живот со тишината на природата Özgün Tiran/AA

КИРКЛАРЕЛИ (АА) - 48-годишната модна дизајнерка Јелиз Јилдирим, која живееше во Истанбул, одлучи радикално да го смени „кројот“ на своето секојдневие и се населила во турското село Кучукајла, во областа Визе кај Киркларели, каде што пред 7 години кампувала со својот шатор со цел да се оддалечи од стресот што го носи градскиот живот, јавува Анадолу.

Јилдирим во февруари 2019 година заедно со своите пријатели заминале на кампување во истоименото село, каде што фасцинирана од убавините на природата, одлучила да купи земјиште.

На тоа земјиште изградила мала селска куќа и истата година го оставила животот во Истанбул зад себе и се преселила во селото.

За кратко време, таа се приспособила на селскиот живот и се насочила кон природното производство обработувајќи ја својата земја. Јилдирим одгледува 20 кози, како и кокошки, мисирки и патки.

Освен тоа, самата си меси леб од брашното што го добива од пченицата што таа ја сее.

- „Тука се чувствувам како повторно родена“ -

Јелиз Јилдирим изјави за Анадолу (АА) дека откако се населила во селото, наместо готови производи, таа прави природно сирење од козјо млеко и го меси својот леб од брашно добиено од автохтони семиња на пченица (ата тохуму), кои самата ги сее и жнее.

Јелиз, на која денот ѝ започнува со првите зраци на сонцето, вели дека најголемиот дел од времето го поминува во грижа за животните и во производни активности.

Таа раскажува дека кога го започнувала селскиот живот, некои пријатели ѝ велеле: „Нема да успееш, ќе се вратиш назад“, но таа нагласи дека не може да се откаже од животот во природа.

Истакнувајќи дека селскиот живот ѝ носи спокој, Јилдирим рече:

„Тука се чувствувам како повторно родена. Секое утро, без никаков притисок, да живееш во хармонија со своите животни, да бидеш во допир со земјата и шумата е навистина прекрасно чувство.“

„Животот во село е неспоредливо поразличен, но и поспокоен од животот во турската метропола“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın