Турција, економија

Во Турција во првиот квартал се отворени повеќе компании отколку минатата година

Според Сојузот на трговски комори и берза на Република Турција (ТОББ), 32.064 компании се основани во периодот јануари-март, додека бројот во истиот период минатата година беше 27.908

Tuba Şahin  | 16.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
Во Турција во првиот квартал се отворени повеќе компании отколку минатата година

АНКАРА (АА) - Бројот на новоосновани компании во Турција во првиот квартал оваа година се зголеми за 15 отсто на годишно ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според Сојузот на трговски комори и берза на Република Турција (ТОББ), 32.064 компании се основани во периодот јануари-март, додека бројот во истиот период минатата година беше 27.908.

Во првите три месеци оваа година престанаа со работа вкупно 2.694 компании, што е пад од 27,3 отсто во однос на истиот период 2020 година.

Во истиот период се покренати вкупно 3.218 нови компании со странски капитал.

Според податоците на ТОББ, во Турција во март започнаа со работа 10.879 компании, што е за 31,5 отсто повеќе на годишно ниво.

Бројот на компании кои престанаа да работат минатиот месец изнесува 973, што е повеќе за 27,5 отсто во однос на истиот период минатата година.

Како што покажаа податоците на ТОББ, во март во Турција се основани 1.202 компании со странски капитал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın