Ahmet Gençtürk
18 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турција покрена нова прекугранична антитерористичка операција против засолништата на терористичката група ПКК во северен Ирак, изјави утринава министерот за национална одбрана на земјата, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата „Канџа-катанец“, во која учествуваат тимови на командоси и специјални сили поддржани од беспилотни летала, хеликоптери за напад и артилериски елементи, особено ги има на мета областите Метина, Зап и Авасин-Басјан, рече Хулуси Акар.
„Во овие области се уништуваат засолништа, складишта за муниција, штабови, места за собирање и тунелски мрежи“, рече тој.
Во меѓувреме, турското Министерство за национална одбрана информираше дека операцијата била започната откако било утврдено дека терористичката организација планирала да иницира напад од големи размери.
Операцијата е во согласност со принципот на самоодбрана на Повелбата на ОН, соопшти Министерството.
Турскиот потпретседателот Фуат Октај на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција останува решителна да ја продолжи својата борба против терористичката група и нејзините спонзори, во земајта и надвор од нејзините граници.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак каде планираат прекугранични напади во Турција.
Операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнаа во пограничните региони на северен Ирак во 2020 година за да се осигура безбедноста на турскиот народ и на границите.
Во својата на 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.