Ruslan Rehimov
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
ЛАВОВ (АА) - Во ракетниот напад на руските сили врз украинскиот град Лавов, животот го загубија 6 лица, а 8 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Лавов Андреј Садовиј соопшти дека изутрината е извршен ракетен напад врз градот.
Михаил Подољак, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека „5 силни ракетни напади истовремено се извршени врз цивилната инфраструктура на Лавов“.
Гувернерот на Лавов, Максим Козицки соопшти дека во ракетниот напад на руската армија загинале 6 лица, а 8 се повредени.
Козицки во изјавата на својот профил на Телеграм нагласи: „3 од проектилите погодија објекти на воена инфраструктура, а 1 погоди работилница за гуми. Ракетните напади предизвикаа пожари. Во тек се активности за гаснење пожарите. Погодените области претрпеа тешки оштетувања. Едно дете е меѓу повредените.“