Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
30 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Од последици предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19), последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.595 лица, 485 во Мексико, 775 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е втора земја во светот најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот. Последните 24 часа починаа 1.595 лица како последица на заразеност со коронавирусот.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна бројка од 90.134. Последните 24 часа регистрирани се 69.074 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 2.552.265.
Ова е највисока бројка на смртни случаи на дневно ниво во Бразил од почетокот на пандемијата.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 514.197 заразени со коронавирусот и 22.389 смртни случаи.
Досега оздравеа 1.787.419 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Ковид-19 во Мексико досега причина за смртта на 45.361 лица
Според податоците на мексиканското Министерство за здравство, последните 24 часа во земјата од последици на заразеност со коронавирус починале 485 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 45.361.
Во истиот период детектирани се 5.752 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 408.449.
Во Мескико оздравеа 267.147 лица кај кои претходно бил откриен коронавирусот.
- Во Индија бројката на починати се зголеми на 34.968
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 775 лица починале како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 34.968.
Последните 24 часа детектирани се 52.123 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 1.583.792.
Во Индија оздравеа 1.020.582 лица кои биле заразени со Ковид-19.