Sinan Doğan
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
БОГОТА
Во запрени шлепери во Веракруз, Мексико, пронајдени се 600 мигранти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за миграции (INM) соопшти дека граничните служби застанале два шлепера поради дојава дека превезуваат мигранти во Соединетите Американски Држави (САД).
ИНМ соопшти дека мигрантите потекнуваат од 12 земји, вклучително и од земјите на Централна Америка, Африка и Бангладеш.
Со претресот е потврдено дека во шлеперите се наоѓаат 600 мигранти, меѓу кои и 145 жени и деца.
ИНМ наведе дека мигрантите од 23 октомври оделе од границата на Гватемала и преминале пат подолг од 500 километри.
Претставникот на невладината организација што е ангажирана во тоа подрачје кажа дека меѓу спасените има трудници, деца и болни и дека им е потребна итна медицинска помош.
Многу непријавени мигранти од земјите на Средна Америка преку Гватемала и Мексико настојуваат да одат во САД.
Податоците на Единицата за мигрантска политика при Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во Мексико од јануари до септември се пронајдени повеќе од 190.000 луѓе без документи, а 74.300 од нив се депортирани.