Büşra Selvi Öğütcen
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
МЕКСИКО (АА) - Во Артеага, во сојузната мексиканска држава Мичокан, убиено е петчлено семејство, а шестиот член од семејството е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството на Мичокан соопшти дека на семејството е извршен оружен напад и дека шестото лице успеало да се спаси.
Нему му е укажана лекарска помош.
Во соопштението се наведува дека Мичокан некогаш било подрачје на кое интензивно дејствувал наркокартелот „Витезите темплари“ (Knights Templar).
Во Оахака, на јужниот дел од Мексико, во средата, во напад на семејство, животот го загубија осуммина членови.
Полицијата која дојде на увид, најде порака дека тоа било пресметка меѓу криминални групи.
Минатата недела во Сиудад Викторија, во Тамаулипас, вооружените напаѓачи усмртија пет членови на семејството.
Пред две недели, во друга сојузна држава, на спиење се убиени 15 лица, од кои 11 биле членови на исто семејство.