Mutlu Demirtaştan
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот суд за арбитража во спорт (CAS) поради позитивниот допинг-тест го дисквалификуваше јапонскиот брз лизгач Кеи Саито од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на CAS се наведува дека во примероците од крвта на Саито, земени пред почетокот на ЗОИ во Јужна Кореја, се откриени забранети супстанции и поради тоа била изречена забрана за натпреварување.
Саито е првиот спортист што ќе биде дисквалификуван од ЗОИ во Пјонгчанг, а тоа нема да влијае на конечните резултати, бидејќи натпреварот во дисциплините во коишто требаше да настапи, сè уште не започнал.