САРАЕВО (AA) - Со церемонија на свечено отворање на Олимпискиот стадион во јужнокорејскиот град Пјонгчанг ќе започнат 23-те по ред Зимски олимписки игри (ЗОИ), јавува Anadolu Agency (AA).
Увертирата за игрите ја одбележаа контроверзите со забрана на Меѓународниот олимписки комитет (IOC) на руските спортисти поради системскиот допинг на претходната Олимпијада во Сочи во 2014 година, но и настојувањата на Јужна Кореја да ги искористи игрите за да ги подобри односите со Северна Кореја.
IOC одлучи дека руските спортисти можат да настапат на игрите во Пјонгчанг само со нивна покана, без национални обележја, под олимписко знаме и „Олимписки спортисти од Русија". Повик добија 168 руски спортисти, така што нивниот тим во Јужна Кореја ќе биде еден од најбројните.
Интересно беше и во односите на двете Кореји. Нивните делегации во пресрет на игрите во текот на преговорите во едно погранично село успеаја да договорат заеднички настап на женската хокејска репрезентација, како и заедничко излегување на корејските спортисти во текот на дефилето на свеченото отворање на игрите. Тоа е голем чекор во односите на двете земји на Корејскиот полуостров, чии односи стануваат се полоши поради последните нуклеарни и воени тестирања на излолираниот север.
Интересно е и дека ќе маршираат под обединето знаме, кое на белата подлога го прикажува Корејскиот полуостров. Важно е да се нагласи и дека спортистите на Северна Кореја, нив 10, ќе настапат на игрите во Пјонгчанг, откако што ја претпуштија претходната зимска Олимпијада во Сочи.
Кога станува збор за олимписки тимови од регионот, сите освен Словенија во Јужна Кореја отпатуваа без големи амбиции. Иако во Пјонгчанг, по Торино 2006 година, стана втор најброен тим во историјата на Хрватска не може да се надева на големи остварувања. Евентуално, на некоја од медалите во алпско скијање, поточно во комбинација во која Натко Зрнчиќ-Дим би можел да конкурира за висок пласман. Хрватска на игрите ќе претставува 20 спортисти, од кои дури 10 во алпско скијање.
Најброен, но и најсилен тим од овие простори ќе има Словенија, која испрати дури 71 спортист, поради што е на врвот на земјите по бројот на претставници. Во Сочи „делжела" имаше сјаен резултат освојувајќи дури осум медали (по две златни и сребрени, и четири бронзени).
Слижна надеж имаат и Словенците, бидејќи сега имаат одлична репрезентација во скијашките скокови предводена од Петер Превец и Јерњеј Дамјан. Најголеми словенски надежи во алпско скијање се талентираната 19 годишна Мета Хорват и Жан Крањец, двајцата во велеслалом. Тука е и машката хокејска репрезентација и силните тимови во скијашко трчање во кои се издвојуваат освојувачите на олимписките медали Јаков Фак и Весна Фабјан. Во секој случај Словенците во Јужна Кореја имаат на што да му се надеваат.
Србија и БиХ на далекиот исток испратија четворица спортисит. Но, во двата табори немаат на што да се надеваат, освен конкретен настап и достојно претставување на земјата. Српскиот олимписки тим го предводи Невена Игњатовиќ, алпски скијач, кој својот најдобар резултат во кариерата го оствари пред самото поаѓање за Јужна Кореја, кога го освои шестото место во комбинацијата на Светскиот куп. Сепак, тешко е да се очекува дека во Пјонгчанг ќе се вклучи во борбата за медал. Покрај скијањето Србија ќе има претставници и во скијашко трчање. Во истите две спортски дисциплини претставници ќе има БиХ, за која ќе настапи Елведина Музаферија, Емир Локмиќ (алпско скијање), Тања Каришик и Младен Плаковиќ (скијашко трчање).
Македонија и Црна Гора на ЗОИ ќе ги претставуваат по тројца спортисти во алпско скијање и скијашко трчање. Преставници на Македонија на ЗОИ се Антонио Ристевски, Ставре Јада и Викторија Тодоровска.
Косово за прв пат ќе се појави на ЗОИ, а ќе го претставуваат Албин Тахир во слалом и велеслалом.
Зимските олимписки игри во Пјонгчанг требаа да влезат во историја по најголемиот број спортисти кои настапија. Се очекува дека ќе ги биде преку 3.000. Освен Косово, за прв пат на ЗОИ ќе се појават спортистите од Еквадор, Еритреја, Малезија, Нигерија и Сингапур.
Се очекува дека ќе настапат претставници на 92 земји за разлика од 88 колку што ги имаше во Сочи.
Зимските олимписки игри во Јужна Кореја ќе се одржат од 9 до 25 февруари. Церемонијата на отворање на игрите се одржува денеска на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг. Инаредните ЗОИ остануваат во Азија, а ќе се одржат во 2022 година во Пекинг, кој беше домаќин на летните игри 2008 година.
- Олимпискиот тим на САД е најброен -
Најброен олимписки тим во Пјонгчанг ќе имаат САД, кои испратија дури 242 спортисти. Зад нив се Канада со 226 спортисти, Швајцарија со 169 и Олимписките спортисти од Русија со 168. Германија ќе учествува со 156 спортисти, Јапонија со 124, додека домаќинот Јужна Кореја и Италија ќе ги претставуваат по 122 олимпијци. По еден претставник на ЗОИ ќе имаат Азербејџан, Бермуди, Кипар, Еквадор, Еритреја, Гана, Хонг Конг, Кенија, Косово, Луксембург, Мадагаскар, Малта, Порто Рико, Сан Марино, Сингапур, Јужна Африка, Источен Тимор, Того и Тонга.
- Ќе бидат поделени 102 комплети на медали -
За прв пат во историјата на Зимските олимписки игри ќе бидат поделени повеќе од 100 комплети на медали. Во Пјонгчанг медалите ќе бидат поделени на дури 102 спортски настани. Медалите се изработени така да одбележуваат напорна работа и посветеност на спортистите. Изработката на медалите, размена и кутии во која е сместена е инспирирана од Хангелул (корејска абецеда), Ханбок (традиционална корејска носија) и Ханок (традиционална куќа) кои го претставуваат корејското културно богаство.
- Натпреварување во 15 спортови -
Во Пјонгчанг спортистите ќе се борат за медали во 15 спортови. Ќе се одржи натпреварување во дури 102 спортски дисциплини во две конкуренции и тоа: во алпско скијање (11), биатлон (11), боб (3), скијашко трчање (12), карлинг (3), уметничко лизгање (5), скијање во слободен стил(10), хокеј на лед (2), санкање (4), нордијска комбинација (3), брзо лизгање на кратски стази (8), скелетон (2), скијашки скокови (4), сноуборд (10) и брзо лизгање (14).