Serhat Bağbars
21 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
ПЈОНГЧАНГ (АА) - Италијанската скијачка Софија Гоџиа го освои златниот медал во најбрзата алпска дисциплина спуст, на Зимските олимписки игри, во Пјонгчанг во Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Низ патеката на зимскиот центар Чонсон, Италијанката се спушти за 1.39,22 минути, што беше доволно за нејзиниот прв златен медал во кариерата.
Второто место и среброто го освои Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која беше побавна од Гоџиа само девет стотинки.
Американката Линдзи Вон го освои третото место и бронзениот медал.
Осум скијачи не успеаја да ја завршат трката и да остварат пласман.