Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Afra Aksoy
21 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа уште 20 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската војска, во текот на ноќта, на неколку локации на Западниот Брег извршени се акции во кои се приведени 20 Палестинци под изговор дека учествувале во „терористички активности“.
Израелските сили често вршат рации на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), и под разни обвиненија приведуваат Палестинци.
Според официјалните податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 7 000 Палестинци, од кои се 300 деца.