Ekip
20 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
АФРИН/АНКАРА (AA) - Терористичките групи, кои се обидоа да влезат во Африн во Сирија, за да им пружат поддршка на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, се повлекоа од тоа подрачје по артилерискиот оган, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичките групи лојални на сирискиот режим се повлекоа на околу 10 километри од градот по артилерискиот оган отворен во знак на предупредување.
Како што наведуваат безбедносни извори, прорежимските терористички групи во еден момент од местото Нубул Зехра, кое се наоѓа на југот на Африн, се упатија кон самиот град.
Терористичките групи влегоа на подрачјето на Африн и се обидоа да напредуваат кон градот.
Сепак, многу бргу во смер на терористичките групи е испален артилериски оган, во знак на предупредување.
Артилерискиот оган не погоди ниту едно возило во конвојот кој потоа се повлече на околу 10 километри од градот.
Конвојот на прорежимските терористички групи се состоеше од вкупно 20 возила, вклучувајќи оклопни возила и камионети.
Од друга страна, се следат сите движења на терористичките групи од другите делови на Алепо кон Африн.