ХАТАЈ (АА) - МЕХМЕТ КЕМАЛ ФИРИК - Терористичката организација ПКК која врши активности на планините Аманос кои опфаќаат еден значаен регион во јужниот дел на Турција, своите потреби од терористи и друго ги задоволува од Африн.
Планините Аманос, кои се наоѓаат во руралното подрачје на Хатај и Килис и се протегаат на најкритичната точка на границата со Сирија, се местото каде што се кријат припадниците на оваа организација откако влегуваат во земјата од Африн, и место каде што ги вршат своите напади.
Африн е регион од каде оваа организација во значајна мера обезбедува логистика и човечки ресурси, и каде што се реализираат интензивни обуки и други активности.
Бројот на терористи кои во последните три години дошле на планините Аманос, по обуките за експлозиви и оружје во сириското подрачје на Африн кој е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК, изнесува над 40 лица.
Терористите кои по приведувањето дале изјава за надлежните, велат дека бројот на терористи на ПКК кои дошле на планините Аманос по обуката во Африн може да е поголем.
Поддршката на оваа организација која ја добива од Африн се откри за време на изјавите на терористите кои се приведени или се предале.
Решит Кодакс, припадник на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кој со себе носел две рачни бомби и пушка од типот M-16, бил предаден на жандармеријата од страна на жителите од руралниот регион на планините Аманос во Хатај, и му е изречена затворска казна од 29 години. Кодакс на судското рочиште истакна дека во февруари 2016 година се вклучил во оваа организација во подрачјето на Африн.
Обвинетиот призна дека во Африн добил воена и идеолошка обука. „Во организацијата ни даваа 100 долари плата. Не ми се допадна тоа што го доживеав во организацијата. Војната не е добра, се покајав. На планините Аманос дојдовме шесмина. Јас избегав и се предадов во Дортујол“, рече тој.
Кодакс пренесе дека пушката и двете рачни бомби му биле дадени од страна на организацијата, и тврдеше дека не учествувал во ниту една акција за време на овој период во организацијата.
Терористите ја признаа својата вина
24-годишната припадничка на ПЈД/ПКК со иницијали Ј.Б. која беше фатена на граничната линија Турција-Сирија и беше осудена на затворска казна од 4 години и 2 месеци поради кривичното дело членување во вооружена терористичка оганизација, и за која е потврдено дека е бремена, ги призна делата кои ги извршила во периодот кога била внатре во организацијата.
Таа пренесе дека пред девет години се вклучила во оваа организација без нејзина иницијатива. Таа рече дека извесно време била во Иран и Ирак, и месец и половина била притворена и била обвинета дека е агент, додаде дека се обидела да избега но била фатена.
Ј.Б. раскажа дека во 2012 година, оваа организација ја испратила во камп за обука на жени, а потоа преминала во Сирија.
„Со другите пријатели таму го украдовме телефонот на командантот. Пријателите контактираа со нивните семејства преку овој телефон. Поради нивните семејства дадоа пари, тие се спасија, додека јас не успеав да го контактирам моето семејство. Ме фатија, бев приведена 6 месеци и потоа дојдов во Африн. Околу 7 месеци се наоѓам во Африн“, рече Ј.Б.
Таа нагласи дека сирискиот државјанин, Ариф М., со кого биле заедно фатени на граница, бил ангажиран за одржување на јавниот ред во селото каде се наоѓале.
Ј.Б. пренесе дека сакале заедно со Ариф М. да избегаат и дека на 11 октомври 2016 година се предале во жандармеријата откако ја поминале границата во вечерните часови.
Од друга страна, сирискиот државјанин, Ариф М., истакна дека биле принудени од страна на ПКК да извршат одредени нешта.
„Ни рекоа 'или ќе учествувате во одржување на редот или ќе бидете војници, или пак ќе се вклучите во ПКК'. Јас одлучив да го одржувам редот, не им се вклучив на војниците бидејќи ќе ме носеа да војувам. Ј.Б. пред седум месеци дојде во тоа место каде се наоѓав јас, има два месеца откога се. Припадниците на организацијата ме плашеа мене и Ј.Б. Ни викаа 'ако одите во Турција ќе ве убијат'. Ј.Б. побара од мене да ѝ најдам телефон. Таа сакаше да стапи во контакт со нејзиното семејство нејзиното семејство и да дознае дали може да се случи такво нешто. Јас ѝ зедов телефон. Таа контактираше со нејзиниот брат. Кога дозна дека нема да се случи такво нешто во Турција, одлучивме да дојдеме“, рече Ариф М.
Запленети големо количество муниција
За време на активностите за пребарување на планините Аманос во текот на последните години, во регионот Османије запленето е големо количество муниција и средства сокриени во засолништата, магацините и закопани во земја.
Надлежните во Османије нагласија дека припадниците на терористичката организација на планините Аманос претходно дошле од Ирак, додека во последните неколку години тие почнале да доаѓаат од Сирија, бидејќи терористичката организација се зајакнала во оваа земја.
Исто така, констатирано е дека терористите кои дошле во регионот, како и донесеното оружје во последните години доаѓаат особено од Африн, моментално контролиран од страна на ПКК, како најблиско место до границата со Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
