Enes Kaplan
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со генералниот секретар Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата функционери највеќе разговараа за неодамнешната изјава на гласноговорникот на меѓународната коалиција, предводена од САД, во врска со формирање на нови гранични безбедносни сили (BSF) составени од Сириски демократски сили (SDF), група која ја конттролира терористичката организација ПЈД/ПКК.
Ердоган во текот на разговорот истакна дека е апсолутно неприфатливо формирање на војска од Сириските демократски сили (SDF), група која ја контролира терористичката организација ПЈД/ПКК.
Додаде дека таквиот обид не служи на единството и стабилноса на Сирија, напоменувајќи дека е невозможно да се сфати дека некои сојузници соработуваат со терористички организации.
Коментирајќи ги последните случувања во Сирија, турскиот претседател рече дека Турција во рамките на меѓународното право ќе ги преземе сите потребни мерки за да ја заштити својата национална безбедност.
Столтенберг изјави дека ја оправдува загриженоста на Турција во врска со ова прашање, истакнувајќи дека Турција има право да се штити од терористички организации.
Додаде и дека Турција е многу важна земја за НАТО сојузот, нагласувајќи дека никој не ги прашал за совет во врска со формирање на воени сили на северот на Сирија.
Турскиот претседател додаде и дека Турција нема да остане пасивна во однос на прашањето на формирање на терористички сили во близина на нејзината граница.
Истакна дека во секоја прилика ќе продолжи да им го свртува вниманието на ова прашање на функционерите на САД. Столтенберг ја нагласи важноста на отворениот дијалог меѓу сојузниците за да се реши спомнатото прашање.