Sibel Uğurlu
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ВАНКУВЕР (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека мерките кои Турција ќе ги преземе против терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија не се ограничени само на Африн, бидејќи следува и градот Мунбич и подрачјето источно од Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу го изјави тоа во канадскиот град Ванкувер, каде што вчера беше одржан состанок на министрите за надворешни работи на кој се разговараше за безбедноста и стабилноста на Корејскиот Полуостров.
Чавушоглу, за време на состанокот во Ванкувер го предупреди американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, дека во случај на формирање на таканаречени погранични единици во северна Сирија ќе дојде до непоправливо нарушување на односите помеѓу Турција и САД.
Портпаролот на коалицијата предводена од САД, Рајан Дилон, во неделата го објави планот за формирање на нови Сили за гранична безбедност кои ќе бројат вкупно 30.000 лица, заедно со Сириските демократски сили (SDF) - група поддржана од страна на САД, која во голем дел е контролирана и менаџирана од терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија.
Тој додаде дека околу 230 лица учествуваат во обуката на Силите за гранична безбедност и дека крајната цел на војската е да собере 30.000 припадници.
Турција го осуди овој потег, истакнувајќи дека е погрешно и спорно да се соработува со терористичката организација ЈПГ/ПКК во борбата против ДЕАШ.