Elvir Hociç
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
ПЈОНГЧАНГ (AA) – Канадскиот сноубордер Марк Макморис денес освои бронзен медал на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја и стана херој на денот со оглед на тоа што до медалот дојде за помалку од една година по претрпената тешка несреќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мекморис утринава освои бронзен медал во дисциплината „слоп стајл“, а медиумите го прогласија за херој на денот со оглед на тоа што во март минатата година на натпреварот доживеа тежок пад при кој се здоби со напукнување на слезината, оштетување на белодробното крило и 17 скршени коски.
За време на индуцираната кома и макотрпната борба за живот, тешко беше да се помисли дека Макморис повторно ќе застане повторно на даската, меѓутоа тој веќе во ноември настапи и победи на натпреварот на Светскиот куп.
Освојувачот на бронзата на Зимската олимпијада во Сочи, Макморис, денес, по четири години, се закити со истиот медал и во Пјонгчанг.
Денес и холандскиот лизгач на мраз, Свен Крамер, освои златен медал на 5.000 метри, трета по ред титула олимписки победник во таа дисциплина.
Победи рушејќи го олимпискиот рекорд во таа дисциплина, и стана единствен спортист со три олимписки злата во тој дел. Пред Пјонгчанг, медали освојуваше и на олимпијадите во Ванкувер и во Сочи.
За Крамер тоа е рекорден осми олимписки медал, а четврт златен медал. Беше член и на златната холандска штафета во Сочи, а има освоено и сребро од Сочи на 10.000 метри и екипни бронзи од Торино 2006 и Ванкувер 2010.