Yunus Kaymaz
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Во 27. коло на англиската Премиер Лига, Тотенхем извојува победа над Арсенал со резултат 1:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Првото полувреме од дерби натпреварот заврши без голови 0:0. Мечот се одигра на стадионот Вембли и го следеа од 83.222 фудбалски навивачи.
Во 49-та минута од натпреварот, домашниот тим, со погодокот на Хари Кејн поведе со 1:0. Домаќинот овој резултат успеа да го сочува до крајот на играта и да извојува победа.
24 годишниот англиски фудбалер Кејн, постигна 7 гола во 7 дерби меча, а Емануел Адебајор, е на прво место на оваа листа со 8 постигнати погодоци.
Со оваа победа, Тотенхем во англиската Премиер лига има бодовно салдо од 52 поени, додека Арсенал остана на 45 поени.