Hilmi Sever
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Утре на Светското фудбалско првенство Русија 2018 се игра првиот полуфинален натпревар меѓу Франција и Белгија, пишува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот меѓу Франција и Белгија ќе се игра на стадионот „Санкт Петербург“.
Средбата е закажана за 20:00 часот. Правдата на овој натпревар ќе ја дели уругвајскиот судија Андрес Куња.

- Мениер го пропушта полуфиналето -
Белгискиот репрезентативец Томас Мениер поради жолти картони ќе го пропушти полуфиналниот натпревар.
Мениер на натпреварот против Бразил, на кој Белгија извојува победа од 2:1, доби жолт картон поради кој ќе го пропушти полуфиналниот дуел со Франција.
Во редовите на Француската репрезентација, во тимот ќе може да се врати Блез Матуиди, кому му истече казната поради два жолти картони.
Во вториот полуфинален натпревар се среќаваат Хрватска и Англија.
Програма на полуфиналните натпревари:
- 10 јули, вторник -
Франција - Белгија во 20:00 часот (стадион „Санкт Петербург“ - Санкт Петербург)
- 11 јули, среда -
Хрватска - Англија во 20:00 часот (стадион „Лужинки“ - Москва)