Elvir Hociç
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победник е на возбудливата трка во Формула 1 на патеката Силверстон за Големата награда на В.Британија, јавува Anadolu Agency (A).
Денеска се возеше десеттата трка сезонава во Формула 1 на патеката Силверстон во В.Британија.
Германецот Фетел имаше извонреден старт на патеката Силверстон и ја презеде водечката позиција, за на крај да ја извојува својата четврта победа оваа сезона, вкупно 51. во кариерата
Како втор трката ја заврши Британецот Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес, одржувајќи чекор во борбата за титулата шампион во Формула 1.
Треторо место во Силверстон го освои уште еден возач на Ферари, Финецот Кими Раиконен.
По десет трки во Формула 1, Фетел се наоѓа во водство со 171 поен, следи Хамилтон со 8 поени помалку, додека Раиконен е трет со 116 поени.
На листата на конструктори води тимот на Ферари со 287 поени, а втор е Мерцедес со 20 поени помалку.