Hüseyin Burak Demirer
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Во седмиот ден од Светското првенство Русија 2018 се одиграа 3 натпревари во групите А и Б, пишува Anadolu Agency (AA).
Во првиот натпревар од групата Б, Португалија со погодокот на Роналдо во 4-тата минута го совлада Мароко со 1:0. Роналдо (33) го постигна својот 4-ти погодок на ова првенство, а 85-ти за португалската репрезентација.

Со овој погодок, Роналдо успеа да го надмине Унгарецот Ференц Пушкаш и стана „европски голгетер кој постигнал најголем број погодоци за својата репрезентација“.
Во преостанатиот натпревар од групата, Шпанија го совлада Иран со резултат од 1:0 со погодокот на Диего Коста во 54-тата минута од натпреварот.
По претрпените два порази на турнирот, Мароко се збогува од понатамошното натпреварување на СП Русија 2018.
- Русија и Уругвај се пласираа во осминафиналето -
Во натпреварот од групата А, Уругвај ја совлада Саудиска Арабија 1:0 со погодокот на Суарез во 23-тата минута. Суарез, го одигра својот 100-ти репрезентативен натпревар и стана првиот Уругваец кој постигнал погодок на три светски првенства.
По вторите натпревари во групата А, Русија и Уругвај со освоени 6 поени се пласираа меѓу 16 најдобри репрезентации. Репрезентациите на Египет и Саудиска Арабија кои не освоија ниту еден поен во досегашниот дел од шампионатот, се збогуваа од понатамошниот дел на првенството.
- Денеска на програмата:
Во осмиот ден од Светскиот куп во фудбал на програмата се три натпревари од групите Ц и Д.
Група Ц:
14:00 Данска - Австралија (стадион „Космос“ - Самара)
17:00 Франција - Перу (стадион „Екатеринбург“ - Екатеринбург)
Група Д:
20:00 Аргентина - Хрватска (стадион „Нижни Новгород“ - Нижни Новгород)
