Dejan Maksimoviç
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, според наводите на француските медиуми, веќе бара куќа во Париз, а во следните неколку дена треба да направи и лекарски преглед пред потпишувањето на договорот со Париз Сен Жермен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Париските медиуми тврдат дека 40-годишниот Буфон ќе направи лекарски преглед на клиниката Пити-Салпетриер. Потоа, ќе потпише двегодишен договор со сегашниот шампион на Франција.
Буфон стана слободен играч откако не го продолжи договорот со Јувентус, за кој бранеше 17 години. Во својата кариера бранеше уште и за Парма, а во дресот на репрезентацијата на Италија запиша 176 настапи.