спорт

ПСЖ му понудил четиригодишен договор на Буфон

Според новиот предлог-договор, Италијанецот би заработувал осум милиони евра годишно, но покрај обврските во ПСЖ, тој ќе биде и амбасадор на Светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи во Катар

Dejan Maksimoviç  | 23.05.2018 - Обновена : 24.05.2018
ПСЖ му понудил четиригодишен договор на Буфон

Pariz

ПАРИЗ (АА) - Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен, наводно, на голманот Џанлуиџи Буфон (40) му понудил четиригодишен договор. Во случај Буфон да го прифати договорот, тој ќе ја брани мрежата на ПСЖ до својата 44. година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во почетокот, на големиот италијански голман, кој неодамна објави дека го напушта Јувентус, ПСЖ му понуди двегодишен договор, но сега медиумите тврдат дека Буфон не сака толку рано да стави точка на својата кариера.

Наводно, вчера Буфон се сретнал со претставници на ПСЖ со кои имал успешен состанок. Се додава дека, според новиот предлог-договор, Италијанецот би заработувал осум милиони евра годишно, но покрај обврските во ПСЖ, тој ќе биде и амбасадор на Светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи во Катар.

Буфон во официјалните натпревари за Јувентус бранеше 655 пати, а за Парма, 220 пати. За репрезентацијата на Италија, со која во 2006 година беше светски шампион, настапи 176 пати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın