спорт

Објавена Листа на 100 најпознати спортисти во светот

ЕСПН соопшти дека португалската фудбалска ѕвезда од редовите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, се наоѓа на врвот на оваа листа

Övünç Kutlu  | 23.05.2018 - Обновена : 24.05.2018
Објавена Листа на 100 најпознати спортисти во светот

New York

ЊУЈОРК (АА) - Најголемиот спортски медиум во Америка, ЕСПН (ESPN), ја објави Листата на 100 најпознати спортисти во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

ЕСПН соопшти дека португалската фудбалска ѕвезда од редовите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, се наоѓа на врвот на оваа листа.

Роналдо со бројката од 121,7 милиони следбеници на социјалните мрежи, и во ова поле се наоѓа на првото место меѓу спортистите во светот.

Во соопштението се наведува дека Роналдо, кој во Лигата на шампиони се наоѓа на врвот на листата на стрелци со постигнати 120 погодоци, има спонзорски договори во висина од 40 милиони долари.

На второто место на листата најпознати светски спортисти се наоѓа Леброн Џејмс, американската кошаркарска НБА-ѕвезда од редовите на Кливленд Кавалирс.

Леброн (33) на социјалните мрежи го следат 40,8 милиони следбеници.

Според договорите за реклами, Леброн Џејмс е спортист кој се наоѓа на првото место, со спонзорски договори во висина од 55 милиони долари.

Според ЕСПН, на третото место на „Листата на најпознатите 100 спортисти во светот“ се наоѓа Лионел Меси, аргентинската фудбалска ѕвезда од редовите на Барселона.

На социјалните мрежи Меси (30) е следен од 88,1 милион следбеници, а висината на неговите спонзорски договори изнесува 25 милиони долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.