спорт

Противниците со барање да му се дозволи на Гуереро да игра на СП во Русија

Капитените на репрезентациите на Франција, Австралија и Данска испратија писмо до ФИФА во кое се бара на перуанскиот фудбалер, кој е казнет поради допинг, да му се дозволи да игра на СП во Русија

Yunus Kaymaz  | 22.05.2018 - Обновена : 23.05.2018
Противниците со барање да му се дозволи на Гуереро да игра на СП во Русија

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Капитените на репрезентациите кои се во иста група со репрезентацијата на Перу, упатија барање до ФИФА да му се дозволи на Перуанецот Паоло Гуереро да игра за својата репрезентација на претстојното Светско фудбалско првенство во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).

Иго Лорис, Миле Једињак и Симон Кјаер, капитените на репрезентациите на Франција, Австралија и Данска испратија писмо до ФИФА во кое бараат помилување за 34-годишниот перуански репрезентативец Паоло Гереро, кој е казнет со 14-месечна казна неиграње поради допинг, со цел Гуереро да учествува на претстојното Светско фудбалско првенство во Русија.

Откако Светската агенција за борба против допинг (WADA) откри дека Перуанецот Гуереро користел кокаин, ФИФА му додели забрана за неиграње од 6 месеци. Гуереро се пожали на оваа одлука, по што Меѓународниот арбитражен суд за спорт (CAS) го потврди откритието на WADA и казната на Гуереро од 6 месеци ја зголеми на 14 месеци неиграње.

По 36 години Перу повторно ќе учествува на завршните натпревари на Светскиот фудбалски куп, а на 16 јуни за противник ја има репрезентацијата на Данска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.