Zehra Ulucak
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ЛИМА (АА) – Над 10 лица го загубија животот во поплавата предизвикана од интензивните врнежи од дожд во јужноамериканската држава Перу, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните соопштија дека најмалку 10 лица загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од силното невреме што трае веќе три дена.
Се претпоставува дека поројните дождови, кои се резултат на покачувањето на површинската температура во источниот дел на Тихиот Океан, ќе траат уште две недели. Надлежните информираа дека оваа година загинале 62 лица, додека 12.000 куќи се оштетени во поплавите.
Како резултат на излевањето на реката Хуајколоро во главниот град на државата, Лима, постои ризик од колапс на еден мост.
Поради поплавата, прекината е наставата во училиштата во целата држава.
Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински, вчера упати апел до надлежните да направат подготовки за засолништа и за помош за лицата што поради полавата се принудени да ги напуштат своите домови.
Дваесет и три лица загинаа низ целата земја во поплавата што се случи во почетокот на февруари, а 37 беа ранети. Оштетени се 15.000 згради како резултат на поплавите коишто погодија околу 72.000 лица, а 994 згради, 14 моста и патишта од вкупно 46 километри се непогодни за користење.
Во крајот на јануари беше прогласена вонредна состојба во градовите Лима, Арекипа, Хуанкавелика, како и во Ика, во оваа држава погодена од поројните дождови.