Eshat Fırat
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелски воени авиони бомбардираа воени позиции во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воените авиони на израелските воздухопловни сили бомбардираа неколку позиции во Сирија“, соопшти израелската армија.
Тие не прецизираа за чии позиции станува збор.
Оттаму велат дека на нападот е возвратено од сириската страна, така што се истрелани неколку ракети.
Во текот на ноќта, во Ерусалим и во неколку други израелски градови, но и на Западниот Брег се слушнаа звуци на експлозии проследени со сирени. Израелската војска не соопшти за што станува збор.