Murat Tan
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, изјави дека владата на таа земја го одобрила завршувањето на изградбата на „ѕидот на раздвојувањето“, во североисточниот дел на Рамала, јавува Anadolu Agency (AA).
„’Sидот на раздвојувањето’ ќе придонесе за поголема безбедност и ќе ги спречи евентуалните напади на еверејската населба Бејт Ејл“, изјави Либерман.
Паралелно со тоа, Либерман изјави дека израелското Министерство за одбрана обезбедило 1,3 милиони евра за изградба на ѕидот од западната страна на населбата Бејт Ејл, во близина на беглалскиот камп Ал Џелезон.
Израелските власти од 2.000 година започнаа да го градат „Ѕидот на раздвојувањето“, на границата помеѓу Источен Ерусалим и Западниот Брег, а тој проект го оправдуваат со безбедносната потреба, за да се спречат евентуалните напади на израелските населби.