Halit Süleyman
17 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
АЛЕПО (AA) - Бројот на загинатите во нападот на џамијата во селото Јина које припаѓа на местото Етариб на западот на сирискиот град Алепо е зголемен на 58, додека се ранети десетици лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните функционери наведуваат дека нападот се случи во моментите додека верниците во џамијата извршуваа вечерна молитва.
Јахја Џевад, шефот на Цивилната заштита во селото Јина, за АА изјави дека претпоставуват дека нападот го извел руски авион.
„Воен авион, за кој мислиме дека е руски, изведе бомбашки напад на џамија во која, во тоа време верниците извршувале молитва", рече Џевад.
Истакна дека тимовите на Цивилната заштита се обидуваат да дојдат до лицата кои останаа под урнатините во џамијата.
„Во момент на нападот во џамијата се наоѓаа околу 200-300 луѓе", рече Џевад, додавајќи дека постои можност од пораст на бројот на жртвите.
„Мислам дека е потполно неприфатливо воен авион да бомбардира верски објект", рече шефот на Цивилната заштита.