Büşra Selvi Öğütcen
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
ДАКАР (АА) – Во западноафриканската држава, Сиера Леоне пронајденео еден од најголемите необработени дијаманти, јавува Anadolu Agency (AA).
Свештеник во градчето Коно, познато по рудниците богати со дијаманти, во западноафриканската држава Сиера Леоне, барајќи скапоцени камења отркил 706- каратен дијамант.
Овој 20. најголем дијамант во светот се проценува на 5 милиони долари.
Во соопштението објавено од претседателската канцеларија се вели дека претседателот на државата, Ернест Баи Корома им заблагодарил на локалните власти и на населението поради тоа што дијамантот не го изнеле надвор од државата на илегален начин.
Дијамантот се чува во сефот на Централната банка, која се наоѓа во главниот град на Сиера Леоне, Фритаун.
Најголемиот дијамант кој претходно е пронајден во Сиера Леоне, е 969-каратниот дијамант именуван „Ѕвездата на Сиера Леоне“. Овој дијамант бил пронајден во 1972 година.
Најголемиот дијамант што е пронајден во светот е 3.106-каратниот дијамант именуван „Кулинан“, кој бил пронајден во 1905 година во Јужна Африка.