Turgut Alp Boyraz,Eshat Fırat
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Судот во Израел денес повторно го продолжи притворот и забраната за објавување на детали за овој случај на палестинскиот вработен на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) Мухамед Муртаџа, кој е во притвор од 12 февруари, јавува Anadolu Agency (АА).
Во текот на рочиштето пред Судот во градот Бершева, на кој присуствуваше и Муртаџа, не е прецизирано кога ќе биде завршен притворот и забраната за објавување детали за овој настан.
На барањето на адвокатот што го застапува Муртаџа, неговиот клиент да биде ослободен, Судот донесе одлука во недела повторно ќе се одржи рочиште.
Судот во текот на првите 40 минути од рочиштето дозволил присуство на новинари кои можеа да го фотографираат обвинетиот.
Mуртаџа на новинарите им извика дека очекува молитви од турскиот народ.
„Ги очекувам молитвите на турскиот народ. Верувам дека постапив правилно и не направив ништо лошо", рече Муртаџа.
Инаку, претходната одлука за забрана за објавување на деталите за овој случај на палестинскиот вработен во ТИКА важеше до 14. март.
Потсетуваме, Судот во Израел на 2. март за уште четири дена го продолжи притворот на Мухамед Муртаџа, кој се наоѓа во притвор од 12. февруари.
Тогаш е продолжена и забраната на палестинскиот вработен во Турската агенција за меѓународна соработка и координација да разговара со својот адвокат. Муртаџа е притворен од страна на израелските власти на 12. февруари додека се обидувал да го премине граничниот премин Ерез кој ги поврзува Израел и Појасот Газа.
Во моментот кога е притворен Муртаџа бил на пат за Анкара, каде требаше да присуствува на обука. Според неговиот адвокат Калед Зајарки, неговиот клиент е обвинет за
„поврзаност со палестинското движење на отпорот Хамас, комуницирање со странски разузнавачки агенции и завера против националната безбедност на Израел."
Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Турција во Тел Авив внимателно го следат разговот на ситуацијата во овој случај.
Палестинецот Мухамед Муртаџа е татко на четири деца, работеше за ТИКА во Појасот Газа од 2012 година.