Alaattin Doğru
18 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
ДАКАР (АА) - Државната компанија „Окаванго дијамант“ во Боцвана, Јужна Африка, соопшти дека е пронајден најголемиот син дијамант што некогаш е откриен во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата се истакнува дека во рудникот Орапа е откриен дијамант од 20 карати, кој е полиран и наречен „Син Окаванго“.
Исто така се нагласува дека ваков дијамант ретко има во светот, и дека претходно во Боцвана не е откриен дијамант во оваа големина и таков сјај.
Се очекува дијамантот да биде продаден до крајот на годината.