Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АНКАРА (АА) - Во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождви во Фритаун, главен град на западноафриканската земја Сиера Леоне, животот го загубија над 200 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Форензичарот Синех Камара од болницата „Конаут“, во изјава за локалните медиуми истакна дека најмалку 200 лица загинале во поплавите и свлечишта во градот.
Камара истакна дека во мртовечницата на болницата веќе нема место за телата на загинатите во катастрофата, и упати апел за помош од амбулантни возила.
Државната телевизија на Сиера Леоне ја прекина рутинската програма поради катастрофите и прикажува снимки од исчезнати лица барани од нивните блиски.
Според соопштеното, на местото на катастрофата излегоа припадници на војската со цел да помогнат во спасувачките операции.