Eşber Ayaydın
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
ИЗМИР (АА) - Најмалку пет лица загинаа при потонување на чамец кој бил полн со мигранти, кои се обидувале нелегално да преминат преку Егејско Море од Турција во Грција, јавува Anadolu Agency (АА).
По дојавата од страна на рибарите, турската крајбрежна стража во Егејското Море, на 5 километри од брегот во градот Фоча во Измир ги пронајде мигрантите кои се обиделе да стигнат до грчките острови.
Во досегашната спасувачка акција од морето се извадени пет безживотни тела и спасени се 28 мигранти. Меѓу жртвите има жени и деца.
Спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнатите мигранти, а според сведоштвата на преживеаните се работи за уште 27 луѓе.