Hasan Namlı,Mehmet Sıddık Kaya
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Како резултат на експлозија на рачно изработен експлозив фрлен во дворот на училиште во Дијарбакир, за време на делењето ученички книшки, повредени се петмина ученици, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на делењето ученички книшки во дворот на средното училиште „Челеби Есер” во Дијарбакир, во југоисточниот дел на Турција, експлодира рачно изработениот експлозив кој од страна на членови на терористичката организација беше фрлен во дворот на училиштето.
Повредени се петмина ученици. Според првите проценки здравствена состојба на повредените ученици, кои се пренесени во државната болница, е добра.
Директорот при Министерството за образование за градот Дијарбакир, Аднан Хурата, во својата изјава истакна потврди дека петмина ученици се повредени во инцидентот и изрази жалење за инцидентот кој се случи на ваков среќен ден.
Хурата додаде дека нема други повредени во инцидентот и дека полициската истрага е во тек.