Hülya A. Gündüzalp
22 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради најавените снежни врнежи, на истанбулските аеродроми "Аtaturk" и "Sabiha Gokcen" денес и утре се откажани 155 летови, јавува Anadolu Agency (АА).
Турската авиокомпанија "Turkish Airlines" на својата веб-страница соопшти дека поради најавените снежни врнежи за денес се откажани 41, а утре 90 домашни и меѓународни летови. Тие истакнуваат дека податоците од летовите, патниците може да ги следат на интернет-страницата "www.turkishairlines.com".
Исто така и авиокомпанијата "Onur Air" за денес откажа шест а за утре четири летови. По седум летови денес и утре откажа и авиокомпанијата "Atlas JET".