Zehra Ulucak
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ТОКИО (АА) - Јапонија успешно лансираше извидувачки сателит во орбитата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција Синхуа денес објави дека Јапонската агенција за истражување на вселената лансираше сателит со помош на ракетата Х2A.
Само 20 минути по лансирањето од вселенскиот центар Танигашима, сателитот се одвои од ракетата и зазеде планарна позиција во орбитата.
Станува збор за сателит што требаше да биде пуштен вчера, но поради лошите временски услови, лансирањето беше одложено за денес.
Сателитот е производ на компанијата „Мицубиши“, која треба да ги замени сателитите „Радар 3“, кои се на пазарот од 2011 година.
Јапонија има сателитска мрежа од два сателита и три оптички радари.
Владата на оваа земја планира да го зголеми бројот на сателити до десет и да го интензивира истражувачкиот сателит.