Ekipa
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја денеска истрела четири проектили со краток домет во морето од нејзиниот источен брег, изјави официјален претставник во Сеул, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектилите лансирани од североисточниот град Хамхунг летаа 200 километри пред да слетаат во вода на источниот брег, велат официјалните претставници на Јужна Кореја.
Денешните лансирања следуваа три дена откако Сеул најави дека Северна Кореја лансираше двa балистички ракети поради засилувања на нови санкции од ОН и САД, кои беа воведени во земјата поради нуклеарните и ракетни тестирања.
Медиумите известуваат дека Пјонгјанг со се почестите лансирања на ракети, им се заканува на Јужна Кореја и Јапонија. Исто така, утврдено е дека бројот на војници во заеднички воени вежби на Јужна Кореја и САД, оваа година се зголемил двојно во однос на претходната.