Alma Çekovic
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Силен земјотрес, со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала, забележан е во водите на Пацификот кај полуостровот Камчатка на истокот на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Американскиот геолошки институт нема опасност од покренување на цунами.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 65 километри, 225 километри југозападно од Командирските острови. Потресување се почуствува во големите делови на полуостровот, но нема извештај за евентуалните жртви или материјална штета.