Zehra Ulucak
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
МЕКСИКО (АА) - Во земјотресот со интензитет од 8,1 степен кој се случи во Тихиот Океан, во близина на брегот со Мексико, бројкатана загинати се искачи на 61 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Енрике Пена Нието, во интервјуто кое го даде за Televisa News, соопшти дека земјотресот во државата Оахака животот го загубиле 45 лица, во Чиапас 12 и во Табаско 5 лица.
Претседдателот Нието рече дека третина од куќите во Оахака се урнати или повеќе не можат да се користат за живеење.
Истовремено во земјата е прогласена 3 дневна жалост.
Земјотресот во Oaxaca предизвика уништување речиси на половината од објектот на општинската зграда и една болница. Се истакнува дека спасувачките екипи продолжуваат со акциите за пронаоѓање и спасување на настраданите во земјотресот.
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотрест со интензитет од 8,1 степени се наоѓал на 87 километри југозападно од градот Пихихапан на отворено море, на длабочина од 69,7 километри. Претседателот на Мексико Енрике Пена Нието имаше објавено дека земјотресот бил со интензитет од 8,2 степени.
По земјотресот се забележани уште 62 последователни земјотреси. Земјотресот кој го зафати Мексико го почуствуваа околу 50 милиони негови жители.
Пацифичкиот центар за предупредување од Цунами соопшти дека земјотресот кој се случи во близина на мексиканскиот брег предизвикал бранови од околу 1 метар.
На 19 септември 1985 година главниот град Мексико Сити го потресе земјотрес со интензитет од 8,1 степен во кој животот го загубија најмалку 6.000 лица.
- Ураган Катја
Официјални претставници на Мексико информираа дека ураганот Катја кој е активен во Мексико, предизвикал свлечишта во северниот дел на Теколутла кое се наоѓа во сојузната државата Веракруз.
Националниот центар за урагани на САД информираше дека се намалила брзина на ураганот на 45 километри на час со што се претворил во тропска бура од прва категорија.